Кошаркарот на Босна и Херцеговина, Јусуф Нуркиќ, нема да игра за својата репрезентација летово во квалификациите за СП.
Селекторот на Босна и Херцеговина, Дарио Ѓерѓа, нема да го има на располагање најсилниот тим за овој прозорец. Во јули месец Босна и Херцеговина ќе има тешки натпревари против Србија и Турција. Сепак, се очекува да може да помогне во август.
„Во текот на јули, Нуркиќ ќе биде во преговори за нов договор со НБА, па затоа, поради прописите и ризикот од можна повреда, тој нема да биде со нас во натпреварите против Турција и Србија. Сепак, се договоривме дека ќе биде достапен за репрезентацијата во август, кога се закажани натпреварите од второто коло од квалификациите“, рече Ѓерѓа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
