Фудбалерите на Канада и Босна и Херцеговина го одиграа првото реми на 23. Светското првенство откако вечерва во Торонто одиграа 1-1 во меч од 1. коло во групата Б на шампионатот.
Првата шанса на натпреварот ја имаше Босна и Херцеговина кога во 3. минута од непосредна близина биеше Мемиќ, но неговиот удар заврши над голот на домаќинот на шампионатот.
Канаѓаните својата прва шанса ја имаа во 17. минута, кога по еден центаршут топката се одби до Џонатан Дејвид кој биеше од 11 метри, но не го направи тоа најдобро па без проблеми интервенираше Васиљ.
По првиот корнер за БиХ, Лукиќ најдобро се снајде во противничкиот петерец и донесе големо водство за неговата репрезентација од 0-1 во 21. минута. До крајот на првиот дел Канада даде се од себе да стигне до израмнувачки погодок, но резултатот остана 0-1.
Canada 0 – [1] Bosnia & Herzegovina – J. Lukić 21'
byu/eliseihado insoccer
Во вториот дел избраниците на Сергеј Барбарез како да се исплашија. Канада беше подобар противник, а сето тоа го материјализираше со голот на резервистот Ларин кој само две минути по неговото влегување во игра израмни на 1-1 во 78. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
