БИХ под притисок – Финците бараат да се игра во друга земја, Украинците се жалат на теренот

Селекцијата на БИХ ја очекуваат два домашни натпревари во финишот од квалификациите за пласман на СП во Катар. Најпрво Босанците ќе ја дочекаат селекцијата на Финска, а потоа ќе играат како домаќини и против Украина. Селекцијата на БИХ и натаму има шанси за пласман во Баражот, додека Франција се чини со триумф над Казахстан ќе го обезбеди првото место.

Многу важни се двата меча на БИХ и предност е што ќе играат на домашен терен, но веќе нивните ривали почнаа да се жалат. Финците се надеваат дека УЕФА ќе го премести мечот на неутрален терен, бидејќи, како што напоменуваат, во земјата имало политичка криза. Тие сметаат дека во секој момент можело да дојде до војна, и затоа наводно барале дуелот да биде одигран на неутрален терен.

Од друга страна, пак, Украинците се жалат на теренот. Тие не велат ништо за војна или криза, но велат дека теренот е катастрофа. А, како знаат кога тие ќе дојдат во БИХ дури шест дена, е прашање. Или ова е само некоја „тактичка“ игра на двете репрезентации…

Франција е прва со 12 бодови, Украина втора со девет, но со меч повеќе. Трета е Финска со осум бодови, а БИХ има седум. Финска после БИХ ќе игра со Франција дома. Украина прво ќе биде слободна, и ќе чека исход од дуелот, за потоа со гостување во Зеница да брка пласман во баражот.

Се вчитува...