Лирој Сане и дефинитивно го напушта Манчестер Сити и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Баерн Минхен. Баварскиот гигант подолго време се интересираше за германскиот репрезентативец, но одбиваше да плати повеќе од 40 милиони евра за неговиот трансфер. Проблем за Сити претставуваше фактот дека договорот со Сане истекуваше следното лето, па поради опасноста тој тогаш да си замине без никаква отштета „граѓаните“ беа принудени да прифатат многу пониска понуда од оние 80 милиони евра на кои го имаа проценето брзоногиот офанзивец.
Според весникот „Билд“, двете страни конечно постигнале целосен договор, а Баерн ќе плати нешто помалку од 50 милиони евра за да го осигура потписот на Сане, како најголемо засилување за следната натпреварувачка сезона.
Доаѓањето на Сане речиси сигурно ќе значи и заминување на Иван Перишиќ од „Алијанц Арена“. Хрватот сака да остане во Баерн, не му пречи да биде резерва на Сане, но челниците на баварскиот гигант одбиваат да ја покријат платата од десет милиони евра бруто за играч кој нема да биде стандарден кај тренерот Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА