Билд: Челси го претрка Ливерпул за Тимо Вернер

Јирген Клоп најверојатно ќе остане со празни раце поради предолгото тактизирање во преговорите со Тимо Вернер, откако Челси успеа да го претрка Ливерпул во преговорите за одличниот голгетер. Вернер цело време инсистираше на преселба на „Енфилд“, но челниците на Ливерпул јасно ставија до знаење дека немаат намера да платат 60 милиони евра за да го доведат од Лајпциг.

Активирањето на клаузулата не е проблем за раководството на Челси, кое според весникот „Билд“ се наоѓа во завршна фаза од комплетирање на трансферот. Лондонскиот клуб го контактирал агентот на голгетерот и начелно е договорен петгодишен договор за плата од 10 милиони евра по сезона.

Според тиражниот германски весник, преговорите би можеле да финишираат до крајот на викендов, а останува да се види дали оваа информација ќе го активира Ливерпул за да го комплетира трансферот, или Челси ќе успее да ги победи „црвените“ во трката по овој одличен голгетер.

Се вчитува...