„Билд“: Елмас може да направи се, но очигледно ништо доволно добро за да игра повеќе

Најпрестижниот германски медиум Билд, направи анализа на Елиф Елмас, и неговите настапи откако дојде во Лајпциг за 24 милиони од Наполи во зимскиот преоден рок.

„Горчливата вистина за зимскиот пад на Елмас“, е насловот на Билд со кој ја стартува оваа анализа, велејќи дека има само 163 одиграни минути, премалку за еден играч кој е платен 24 милиони евра.

„Во 13 меча одигра само 163 минути. Напаѓачот беше стартер само со Волфсбург, може да направи се, но очигледно ништо доволно добро за да игра повеќе. На Елмас му отежнува и фактот што секогаш има барем двајца конкуренти кои се подобри, како на плејмејкерската позиција, така и во нападот, па дури и во дефанзивниот среден ред“.

Билд побара и мислење од Марко Розе, кој рече дека Елмас се труди, но дека некогаш не функционираат работите на тој начин.

„Елиф се бори со прашањето да има поголема минутажа. Вреден е, добро тренира, добро се однесува. Но, има моменти кога тоа едноставно не функционира“, рече Розе.

Билд пишува дека сето ова предизвикува незадоволство кај играчот, кој неколку пати бил на разговори со Розе, и тренерот постојано го фали, но и понатаму повторно го остава на клупата.

Целиот текст на Билд на следниот ЛИНК.

Се вчитува...