„Билд“ го предизвика Алкантара: Донирај дел од платата

Фудбалерот на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара, беше најгласен во барањето германската фудбалска Бундес-лига да биде суспендирана поради ширењето на COVID19. Неочекуван одоговор доби од реномораниот магазин „Спорт Билд“ кој откако запре фудбалoт на сите нивоa vо Германија го повика Алкантара да донира дел од платата за да се санира финансискиот удар од тоа што нема фудбал во државата.

„Тој зборуваше за релноста. Со реалноста во следните неколку недели ќе се соочат голем дел од клубовите кои ќе имаат двоцифрени милионски штети поради загубите од продажбата на влезници, маркетинг и од телевизиските права. Тоа се пари, неопходни како во секоја компанија за платите на работниците, а тоа не се само играчите. Затоа навистина би било убаво кога Тијаго Алкантара би дал добар пример и во знак на солидарност би издвоил дел од милионската плата во Фондот за солидарност и за помош на Бундеслигата. Постојат толку многу работи поважни од фудбалот, а Тијаго сега може да го докаже тоа“ – пишува „Билд“ во коментар.

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...