„Билд“ открива кој ќе биде новиот тренер на Баерн

Легендарниот Јуп Хајнкес се враќа на клупата на Баерн Минхен, открива германскиот весник „Билд“ во денешното издание. Откако раководството на клубот му даде отказ на Карло Анџелоти, во јавноста се вртеа неколку тренерски имиња како можни наследници на Италијанецот на клупата.

Но, според последните информации, раководството на Баерн ќе оди на проверена карта, а според најавата на „Билд“,  Хајнкес одговорил позитивно на понудата. Германскиот тренер го предводеше Баерн во најдобриот состав кој освои се во сезоната 2012-2013.

72-годишниот Хајнкес ќе ја прекине пензијата и ќе го води Баерн Минхен до крајот на оваа сезона, а потоа ќе му ја предаде клупата помладиот наследник,  30-годишниот Јулијан  Нагелсман кој сега е тренер на Хофенхајм.

Во својата богата кариера, Хајнкес има освоено две титули во Лигата на шампионите, една со Реал Мадрид и една со Баерн Минхен.

bild jupp

Се вчитува...