Билети за мечот Македонија – Косово од 2. март – само персонализирано и во онлајн продажба

Билетите за плејоф меч од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово ќе се продаваат само онлајн преку платформата „МК Тикетс“, ќе бидат персонализирани и секој навивач ќе може да купи само еден билет, со име и презиме и број на лична карта. Сето ова е поради строгите препораки за безбедност од Министерството за внатрешни работи, а продажбата ќе отпочне на 2.март.

Од идниот понеделник навивачите ќе можат да купат билети за северната и за јужната трибина по цена од 300 и од 400 денари (во зависност од позицијата), а на продажните места секој навивач ќе мора персонално да го купи и да ја подигне купената влезница.

Фудбалската федерација на Македонија одреди дел од билетите да можат да бидат резервирани преку Општинските фудбалски сојузи.

Западната трибина ќе биде наменета за македонските навивачки групи кои веќе најавија обединување и заедничко навивање за репрезентацијата, а навивачите на Косово ќе бидат сместени на Источната трибина од арената „Тодор Проески“.

Се вчитува...