Билетите распродадени: Фудбалерите ќе имаат огромна поддршка против Германија

Сите билети кои беа пуштени во продажба за квалификацискиот меч меѓу Македонија и Германија се експресно распродадени, со што нашите фудбалери ќе имаат голема поддршка од трибините на дуелот со светскиот фудбалски гигант.

„Билетите за натпреварот Македонија – Германија се распродадени. Навивајте за Македонија“, објави Фудбалската Федерација на Македонија.

Согласно препораките, дозволено е присуство на 50% од вкупниот капацитет на арената, а дозволено е присуство единствено со приложување на еден од следните документи:

– Сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест

– Сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Се вчитува...