Билетите во продажба: Бодрете ги ракометарите против Исланд

Ракометната Федерација на Македонија денеска и официјално почна со продажба на билетите за претстојниот квалификациски меч за ЕП 2020 меѓу селекциите на Македонија и Исланд, што ќе се игра на 14 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Продажбата ќе се одвива преку сите продажни места на МК Тикетс низ државата, а влезници можат да се купат и online на интернет-страницата на МК Тикетс.

Влезниците се продаваат по ценa од 100 денари (горни трибини) и 200 денари (долни трибини – партер).

Сениорската машка репрезентација втората фаза од квалификациите за ЕП 2020 ја започнува во среда (10.04.2019 г.) со натпревар на гостински терен против Исланд во Рејкјавик, веднаш по завршувањето на таа средба нашата репрезентација се враќа во Скопје за одигрување на реваншот против Исланд во недела од 20:00 во СЦ „Борис Трајковски“.

Во третата квалификациска група за ЕП 2020 во моментов сениорите се на второто место од табелата, каде Исланд е на првото место, а зад нашиот национален тим се наоѓаат Грција и Турција.

Се вчитува...