Билетите за дербито Вардар – Пелистер од 300 до 500 денари

Вардар денеска ги пушти во продажба билетите за големото дерби против Е. Пелистер што ќе се игра в недела со почеток во 17.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Дуелите на овие ривали многу често се покажуваат решавачки во трката за титулата, а неделното дерби ќе биде и прв дуел на Чупиќ против Лино Червар по враќањето на Хрватот во мак-ракометот.

„Вардарци“ решија билетите да бидат со цена од 300 до 500 денари, со надеж дека салаата ќе биде исполнета до последно место.

„ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА ДЕРБИТО ВАРДАР – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР!
Пред нас е големото дерби на македонскиот ракомет! Во НЕДЕЛА, Вардар го пречекува Еурофарм Пелистер во СЦ „Јане
Сандански“.
📅 НЕДЕЛА, 1 ноември 2026
⏰ 17,45 часот
📍 СЦ „Јане Сандански“
Билетите се достапни онлајн преку VTickets:
Цени на билетите:
🔴 300 денари
Блокови: 8, 11 и 16
⚫ 400 денари
Блокови: 4, 5, 7, 12, 13, 14 и 15
🔴 500 денари
Блокови: А2, А3, А5 и А6
Обезбедете го вашето место навреме!
Да го исполниме „Јане Сандански“ и заедно да одиме по нова победа во големото македонско дерби! ❤️🖤“, објави РК Вардар.

Се вчитува...