Билетите за ЕП 2022 во продажба: Бодрете ја Македонија, цените се од 14 евра…

Организаторот на ракометниот европски шампионат во 2022 година денеска и официјално ги пушти во продажба билетите за групата А, чиј дел ќе бидат селекциите на Македонија, Данска, Словенија и Црна Гора.

Натпреварите во оваа група ќе се играат на 13 јануари, 15 јануари и на 17 јануари во „Феникс Хол“ во Дебрецин, а најевтиниот билет што може да се купи од денеска чини 14 евра.

Станува билет од „четврта категорија“, а цената од 14 евра се однесува за следење на двата натпревари од дневната програма. Само за споредба, билет од прва категорија за еден натпреварувачки ден чини 33 евра, а во продажба е пуштен и ВИП-билет, што заинтересираните ќе треба да го платат 89 евра.

Постои и можност за купување на групен билет за трите натпреварувачки дена во Дебрецин, тој чини 37 евра за четврта категорија, 89 евра за прва категорија и 247 евра за ВИП-следење на групата А од европскиот шампионат.

Се вчитува...