Билетите за Лихтенштајн по цена од 100 и 200 денари

Фудбалската федерација на Македонија од утре ги пушта во продажба билетите за последниот квалификациски натпревар на нашата сениорска репрезентација во циклусот за СП 2018 кој против Лихтенштајн го играме на 9. октомври на стадионот „Младост“ во Струмица.

Цената на билетите за средбата со Лихтенштајн ќе биде по 100 и 200 денари, во зависност од трибината на стадионот во Струмица.

Собирот на А репрезентацијата на Македонија е закажан на 2. октомври од 12 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје. Пред дуелот со Лихтенштајн, Македонија на 6. октомври ќе игра против Италија во Торино.

Се вчитува...