Билетите за мечот Шкендија – Тракаи по цена од 200 денари

Шкендија посакува полни трибини на стадионот „Младост“ во Струмица, на реванш натпреварот против литванскиот тим Тракаи, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Пуштени се во продажба билетите по цена од 200 денари, а публиката треба да биде од голема помош во обидот да се анулира негативата (1-2) од првиот меч во Вилнус.

Билетите се продаваат онлајн преку продажната мрежа на МК Тикетс, како и во Фан – шопот на клубот во Тетово. На денот на одигрување на натпреварот, в четврток, ќе се продаваат и пред стадионот „Младост“ во Струмица.

Се вчитува...