Билетите за мечот со Израел по цена од 150 денари

Фудбалската федерација на Македонија одреди популарна цена на влезниците за последниот квалификациски натпревар што националниот тим ќе го одигра на допмашен терен во циклусот за ЕВРО 2020, против Израел на 19 ноември. Фановите за цена од 150 денари ќе можат да ги бодрат најдобрите македонски фудбалери, а билетите можат да се набават преку продажната мрежа на „mktickets“.

Националниот тим од вчера ги почна подготовките за овој мини-циклус, денеска ќе се приклучат Горан Пандев, Енис Барди, Илија Несторовски и Столе Димитриевски, а в сабота фудбалскиот национален тим ќе игра против Австрија во Виена. Три дена подоцна Македонија на Националната арена „Тодор Проески“ ќе ја пречека селекцијата на Израел.

Се вчитува...