Билетите за Реал Сосиедад – Вардар по цени од 25 до 60 евра

Шпанскиот клуб Реал Сосиедад објави дека од четврток ќе ги пушти во онлајн продажба билетите за следниот натпревар од Лигата на Европа, против македонскиот првак Вардар, кој ќе се одигра на 2.ноември. Цените на билетите согласно позицијата на трибините на стадионот „Аноета“ ќе изнесуваат од 25 до 60 евра.

karti sosiedad

Интересно, билетите за овој меч се поевтини од оние за шпанското првенство. Така на пример, цените на билетите за мечот меѓу Реал Сосиедад и Еибар од Ла Лига се движат од 30 до 70 евра.

Се вчитува...