Европскиот првак Вардар денеска ги пушти во продажба билетите за следниот домашен натпревар во Лигата на шампионите, пресметкaта со Кил на 12 октомври.
„Црвено-црните“ информираат дека продажбата ќе се врши на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и онлајн преку платформата „тикетплус“, по цена од 350 денари за трибина и 400 денари за блок А.
Вардар e единствениот тим во групата со максимален ефект по првите три кола, по победите над Монпелје, Порто и Мотор. Кил моментно е второпласиран со пет освоени бода, пред Монпелје и Порто со по четири бода, Кјелце со три, Веспрем со два и Мешков Брест и Мотор без бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА