Били Донован нов тренер на Чикаго Булс

Били Донован брзо најде друг клуб откако се раздели со Оклахома Сити Тандер поради тоа што франшизата не му го продолжи договорот. Донован постигна договор да биде нов тренер на Чикаго Булс.

Оклахома под водство на Донован петпати по ред влезе во плејофот. Во првата сезона на клупата со Дурент и со Вестбрук успеа да го одведе тимот до финалето на Западот. Оклахома му беше прв НБА тим.

Претходно работеше на универзитетот Флорида каде беше дури 19 години, како и на Маршал и на Кентаки, а како играч една сезона беше член на Њујорк Никс.

 

Се вчитува...