Били Донован веќе не е тренер на Оклахома

Били Донован повеќе не е тренер на Оклахома Сити Тандер, соопштија од тимот. Донован по пет години ќе ја напушти клупата на Оклахома, откако двете страни не се договориле за продолжување на договорот кој му истече на крајот на сезонава.

55-годишниот стратег, Оклахома ја презема во 2015 година, а под негово водство клубот оствари 234 победи во регуларниот дел и 18 во плеј-офот. Оклахома сезонава во плеј-офот беше елиминирана од Хјустон во седум натпревари.

 

Се вчитува...