Вест Хем беше поразен од Вулверхемптон со 3-0 во дербито по ред во 20-то коло од Премиер лигата. Бидејќи се претпоследни на табелата, а загубија од последнопласираната екипа, Англичаните известуваат дека се очекува Нуно Еспириту Санто да добие отказ.
Хрватскиот тренер Славен Билиќ е главен кандидат за клупата на „чеканите“. Тој веќе работеше во лондонскиот тим во периодот од 2015 до 2017 година, па би можел повторно да си ја проба среќата и да се обиде да го спаси Вест Хем од испаѓање.
Како што објавија Англичаните, преговорите веќе траат долго време. Покрај Билиќ, меѓу кандидатите за замена на Португалецот е и Мајкл Карик. Билиќ беше кандидат и пред Санто да добие можност, но тогаш преговорите не дадоа плод.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

