Билиќ „преживеа“, но веќе нема право на грешка

Славен Билиќ доби уште една, последна шанса за да го разбуди заспаниот тим на Вест хем по очајниот старт на сезоната во Премиер-лигата. „Чеканите“ ги загубија првите три средби притоа примајќи дури десет погодоци, по што навивачите бараа хрватскиот стратег да добие отказ.

За таква опција притискаа и дел од директорите, но челниците на крајот сепак решија да го остават Билиќ на кормилото. Денеска бил одржан „кризен состанок“ во Лондон на кој Билиќ успеал да го убеди раководството на клубот дека заслужува нова шанса, по што не добил отказ.

Сепак, пораката до Хрватот е јасна – следниот натпревар од Премиер-лигата против Хадерсфилд мора да се добие, во спротивно ќе следи разделба.

Се вчитува...