Хрватскиот стратег Славен Билиќ својата тренерска кариера ја продолжува во Ал Итихад во Саудиска Арабија.
Билиќ во најбогатиот саудиски клуб ќе заработува три милиони евра по сезона, иако и двете страни не соопштуваат на колку години е потпишан договорот. По отказот во Вест Хем, Славен Билиќ се поврзуваше со неколку англиски премиерлигаши но на крајот се одлучи да продолжи во Саудиска Арабија.
Ова за Билиќ ќе биде четврти клуб во неговата кариера како тренер по Хајдук, Локомотива Москва, Бешикташ и Вест Хем. Беше и селектор на хрватската репрезентација.
مرحباً بك في معقل النمور .. pic.twitter.com/fLxhhDYyWS
— نادي الاتحاد السعودي (@ittihad) September 27, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА