Било „жешко“ во Париз: Спречена тепачка Нејмар – Кантона

Лудата завршница од дуелот меѓу ПСЖ и Манчестер Јунајтед за малку ќе довела до сериозен инцидент на трибините, откако таткото на Нејмар ја прескокнал оградата од ложата каде што седел и тргнал да се пресмета со Ерик Кантона и неговите пријатели.

Кантона бил на „Паркот на принцовите“ како дел од делегацијата на Манчестер Јунајтед и разбирливо славел со своите пријатели откако Рашфорд погоди за 1-3 и го елиминираше францускиот првак. Нервозата во таборот на домаќините била огромна, а нервите прв ги загубил таткото на Нејмар. Додека неговиот син се спуштал долу кон соблекувалните и влегол во конфликт со судиите, „Нејмар Сениор“ тргнал кон Кантона и неговото друштво.

Бразилецот дури и турнал еден од пријателите на француската фудбалска легенда, но за среќа реагирало обезбедувањето, спречувајќи уште посериоззен инцидент.

Се вчитува...