Бисера Јакова испиша историја во мак-баскетот

Натпреварот меѓу Шкупи и Гостивар нема да биде запаметен по убедливата победа на гостинскиот тим, туку поради фактот дека на него беше испишана историја, па за прв пат една жена делеше кошаркарска правда на натпревар од машката Прва лига.

Бисера Јакова започна нова страница во историјата на кошаркарските арбитри делејќи ја правдата на натпреварот помеѓу екипите на Шкупи и Гостивар, со што стана првата жена која е дел од судиско трио на натпревар во најсилната машка конкуренција.

За Бисера Јакова тековната календарска година е седма во судискиот дрес, а Македонската кошаркарска федерација вложи напори за таа да стане и првата жена судија со ФИБА значка од нашата држава.

Се вчитува...