Бисерка Петровиќ – Запознав човек кој ја предвиде смртта на мојот Дражен

Мајката на Дражен Петровиќ, Бисерка сподели информација околу смртта на нејзиниот син која досега не била позната. Таа вели дека запознала човек кој ја предупредил за смртта на нејзиниот син и уште еднаш сподели за моментот кога дознала дека нејзиниот син е мртов.

„Беше негде на полноќ кога заѕвони телефонот. Јас се јавив, а гласот од другата страна ме праша дали е тоа станот на Дражен Петровиќ. Ми кажаа дека мојот син е мртов. Сакав да скокнам од тераса кога го слушнав тоа. Мојот сопруг ме фати и ми го спаси животот. Претходно запознав човек кој ме предупреди дека наскоро може да се случи трагедија“, изјави Бисерка Петровиќ. 

Дражен Петровиќ го загуби животот во сообраќајна несреќа на 7. јуни 1993 година на 28-годишна возраст.

Се вчитува...