„Бисерот“ на Борусија го воодушеви Гвардиола: Лаже за годините…

Светскиот фудбал се наоѓа пред нова смена на генерации по која љубителите на фудбалот ќе останат без легендарните Лео Меси и Кристијано Роналдо, но ред играчи веќе чекаа да ја „пополнат“ празнината. Еден од нив е и 17-годишникот од редовите на Борусија Дортмунд, Џуд Белигнам.

Англичанецот кој ја воодушеви јавноста со прекрасниот погодок на мечот против Манчестер Сити во четвртфиналето од Лигата на Шампионите, по натпреварот доби честитки од голем број на тренери, меѓу кои беше и Пеп Гвардиола кој на интересен начин ја прокоментира целата ситуација.

„Не можам да верувам дека е толку добар. Можеби лаже за годините, премногу е добар за еден седумнаесетгодишниик“, изјави тренерот на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ имаат тенденција да ги „собираат“ талентите во своите редови, па нема воопшто да биде чудно доколку Англичанецот се врати во својата татковина и го облече „синиот“ дрес.

Се вчитува...