Битка „да се биде или не“ за Брегалница и Вардар во Штип, Шкендија против Брера за шампионски приклучок

Брегалница и Вардар денеска од 16 часот во Штип во финалната битка „да се биде или не“ за опстанок во Првата македонска фудбалска лига.

Двата тима и тоа како се во незавидна ситуација по последните порази, поради што и тоа како денеска ќе бидат во трка за бодови.

Максимално неизвесна во последните кола ќе биде и битката за титулата. По претходниот кикс на Струга ТЛ, сега Шкупи и Шкендија со елан за победи и атак на трофејот.

Шкендија денеска во Тетово ја пречекува АП Брера која бодовите ги посакува како на време би си го обезбедила опстанокот.

„Гостуваме на една од најдобрите екипи во првенството. Но, ние математички опстанокот не сме го обезбедиле, па ќе мора да дадеме максимум во битката за бодови. Имаме респект кон нив, но имаме и наши амбиции кои сакаме да ги оствариме“ – вели тренерот на Берера, Бојан Круљ.

ПРВА ЛИГА – 30. КОЛО (денеска, 16 ч.)
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
Тетово: ШКЕНДИЈА – АП БРЕРА
Гостивар: ГОСТИВАР – ШКУПИ
Кратово: СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР

Се вчитува...