Битка на гигантите: Ѓоковиќ и Надал во дуел за историја

Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ ќе го одиграат 56. меѓусебен дуел денеска во финалето на Ролан Гарос. 29-26 води српскиот тенисер во овие пресметки. Новак води и во меѓусебните финални дуели со 15-11, Надал има подобар скор на грен-слем турнирите со 9-6, а во финалињата на најголемите турнири е израмнето 4-4.

Ова се статистичките податоци, но дуелот на „Филип Шатрие“ е многу повеќе од овие бројки. Прво затоа што за двајцата тенисери има историска димензија. Надал со триумф ќе дојде на 20 грен-слем титули и ќе се израмни со Роџер Федерер. Ѓоковиќ пак ќе стане првиот тенисер кој ги освоил најголемите турнири најмалку по двапати. Тој би ја освоил грен-слем титулата број 18 и би дошол многу блиску до ривалите од големата тројка.

Второ и исто така многу значајно. Дуелот меѓу Надал и Ѓоковиќ секогаш носи особена драматика, предизвикува внимание и дополнително е значаен во овој момент  затоа што тенисот се  бидува да се врати на вистински начин по сите проблеми и застои кои ги имаше поради коронавирусот. Денешното финале ќе биде прва пресметка меѓу најзвучните имиња во тенисот во 2020 година.

 

 

&

;

 

 

 

Се вчитува...