Битка за прволигашки спас во Ѓорче Петров и во Струмица…

Покрај онаа битка за четвртата позиција на табелата која остава некаква надеж за европски излез, фокусот на прволигашките случувања без сомнение во финишот од сезоната е насочен кон клубовите кои се борат за задржување на прволигашкиот статус. Во денешното 35. коло од шампионатот најинтересните дуели во Ѓорче Петров, каде Македонија ЃП е домаќин на Силекс, и во Струмица каде Беласица го пречекува Работнички.

Јасно е дека натпревар за неопходни бодови ги очекува „лавовите“ против Силекс на свој терен. Во пресрет на последното коло, се чини, кратовци повеќе ги посакуваат бодовите ако се знае дека Македонија ЃП во последното коло ја очекува дуел со отпишаната Победата, додека Силекс против директниот конкурент Беласица. Токму затоа секој бод е добредојден и за двете екипи.

Од друга страна Беласица ќе мора неизбежно на триумф против Работнички во Струмица доколку сака во последната рунда натпревари да остане со надеж за опстанок. „Романтичарите“, пак, по претходната победа веруваат повторно дека можат до четвртото место на табелата па желни за три бода патуваат за Струмица.

Надеж за четвртата позиција негуваат и Шкупи и Ренова кои ги очекува меѓусебен натпревар во Чаир, а останатите два натпревари од оваа рунда дефинитивно се повеќе од ревијални.

ПРВА ЛИГА – 35. КОЛО (денеска, 16:30 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

Тетово: ШКЕНДИЈА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: ВАРДАР – ПОБЕДА

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ШКУПИ – РЕНОВА

Се вчитува...