Битола ќе „гори“ на ракометното дерби: Билетите за Еурофарм Пелистер – Вардар распродадени за еден час

Еурофарм Пелистер ќе има огромна поддршка на претстојното дерби од македонската ракометна Супер-лига против екипата на Вардар, што ќе се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“.

Битолскиот клуб денеска ги пушти во продажба билетите, кои беа експресно распродадени за само еден час, доволен доказ за еуфоријата што владее во „градот на конзулите“ во пресрет на ова дерби.

„Пелистерци“ играат во извонредна форма, на домашната сцена ги „мелат“ ривалите, во Лигата на Европа имаат три победи и две реми во последните пет кола, а мотив повеќе е големиот влог на претстојниот дуел со Вардар, на кој победа широко би ги отворила вратите за освојување на титулата.

Се вчитува...