Битолчани слават титула, зелено-бело е пак во мода во мак-ракометот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Еурофарм Пелистер во голем стил ја прослави шампионската титула, откако битолчани приредија вистинско шоу во салата „Боро Чурлевски“ пред и за време на денешниот дуел со Тиквеш.

Прославата почна со поздрав на генерацијата предводена од Пепи Манасков што пред 18 години последна донесе титула во Битола, а продолжи со шшалирот што гостите од Кавадарци го направија при влегувањето на новите шампиони на теренот.

Салата беше обоена во зелено со маиците што раководството на Еурофарм Пелистер ги делеше со секој продаден билет, за вклопување во прекрасниот спортски амбиент и прославата што битолчани ја чекаа 18 години и знаеја како да уживат во неа кога конечно ја дочекаа.

Се вчитува...