Битолска доминација против Прилеп

Пелистер со импресивна игра стигна до преубедлива победа на денешниот дуел против Прилеп, триумфирајќи со резултат 38-17 како најава дека битолчани се подготвени да го нападнат трофејот на турнирот во Струга.

Прилепчани парираа само до 3-3, по што „пелистерци“ влегоа во серија, набрзина поведоа со 10-6 и продолжија со силно темпо до крајот на полувремето, на одмор заминувајќи со 18-10. Особено импресивно Пелистер делуваше во второто полувреме, кога повеќе од 15 минути избраниците на Бабиќ не примија ниту еден единствен погодок, зголемувајќи ја предноста на 28-12, за до крајот истата да ја искачат на конечни 21 гол разлика.

Оваа победа значеше и обезбедување на место во финалето, каде Пелистер речиси сигурно ќе го очекува дуел со големиот ривал Вардар.

Се вчитува...