Битолски пекол за Вардар: Популарни цени за новото ракометно дерби

Се е подготвено за продолжението на ракометната сезона и почетокот на плејофот, а ждрепката сакаше повторно во првото коло силите да ги одмерат вечните ривали Пелистер и Вардар.

Мечот ќе се игра на 10 февруари со почеток во 18 часот, а управата на битолскиот клуб се реши за популарни цени на билетите, во висина од 200 и 250 денари што ќе бидат пуштени во продажба од утре, 5 февруари.

„Шампионот на Македонија, Е. Пелистер ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека од понеделник (5 февруари 2024 година) во 12:00 часот започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од првото коло на плеј-офот на Суперлигата меѓу Е. Пелистер и Вардар 1961. Натпреварот ќе се одигра в сабота (10 февруари 2024 година) во 18:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

– Поединечните билети по цена од 200 денари (странични места на трибините) и 250 денари (централни места на трибините) ќе се продаваат во DIMPO Тобако и преку интернет продажба – https://kartieurofarm.mk/ 

– Сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините“, се вели во соопштението на битолскиот клуб.

Нема дилема дека салата „Боро Чурлевски“ ќе биде исполнета до последното место за овој ракометен спектакл.

Се вчитува...