Тајландската полиција на официјалниот профил на социјалната мрежа „Фејзбук“ ги предупреди граѓаните на оваа држава за бизарна измама поврзана со Чаби Алонсо и фудбалскиот клуб Ливерпул. Имено, профил кој лажно се претставува како шпанскиот тренер испраќа порака во која бара 300 бахти (околку осум евра) помош за авионски билет до Ливерпул.
Славниот англиски клуб е еден од најпопуларните во Тајланд па креаторот на оваа „генијална“ идеја се обиде на интересен начин да стигне до „денар повеќе“, но полицијата навремено ги предупреди граѓаните.
„Јас сум Чаби Алонсо. Ќе го водам Ливерпул следната сезона, но ми недостасуваат пари за лет до Ливерпул“, стои во пораката која ја добиле голем број на Тајланѓани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА