Бизарна повреда на НБА кошаркар

Најголемиот дел од спортистите во кариерите се соочуваат со повреди заработени на тренинзите или самите натпревари, но тоа не се случајот со кошаркарот на Торонто Рапторс, Оу-Џи Ануноби кој ќе пропушти одреден дел од сезоната поради бизарна повреда.

Според официјалните информации на Торонто, нивниот кошаркар заработил исекотина на прстот додека ги извршувал домашните обврски. Поради истата не беше дел од натпреварот против Вашингтон, а не се знае ни колку точно ќе отсуствува од тимот со оглед на тоа што се работи за исекотина на место на кое тешко е да се спречи крварењето додека не зарасне раната.

Нигериецот роден во Лондон е добропознат во светот на кошакарката по скромноста. И покрај тоа што официјалните информации не откриваат како дошло до повредата, гласините во американските медиуми не ја исклучуваат можноста за повреда додека спремал храна.

Се вчитува...