Бизарна повреда во НБА, го повредил прстот со вратата од автомобилот

Голден Стејт успеа да го добие мечот против ЛА Клиперс со 120-114. Вориорс дојдоа до деветата победа во сезоната, иако не можеа да сметаат на стандарниот Ендрју Вигинс, кој го пропушти мечот поради бизерна повреда.

Поранешниот прв избор на драфтот на денот на натпреварот наутро силно ја затворил вратата и таа му удрила во показалецот на десната рака. Пред натпреварот излегол на загревање, но не можел да издржи поради болките, и не настапи.

Вигинс би можел веќе да биде во комбинација на следниот меч во сабота кога повторно играат против Клиперс, но во Лос Анџелес.

Се вчитува...