Бизарна ситуација во фамилијата Модриќ – Од играње со топка, до парична казна од полиција

Кога ќе помине се ова? Кога животот ќе се врати во нормала? Се само дел од прашањата кои скоро секој ден си ги поставува секој од нас. Интересна ситуација сподели фудбалерот на Реал Мадрид, Марсело за неговиот колега и капитен на фудбалската репрезентација на Хрватска Лука Модриќ.

Модриќ се наоѓа во својот дом во Мадрид, а еден ден додека играл со топка со својот син го дочекала една незгодна ситуација со полицијата. Имено, Модриќ и неговиот син си подавале со топката таа излегла надвор од нивниот двор. Лука се стрчал на улицата да ја земе, а тука бил полицаец кој му се заканил со парична казна, бидејќи во Шпанија е забрането да се излегува од домовите, освен во ситуација кога се оди по лекови или храна.

Хрватскиот капитен не ја примил најдобро оваа информација, па одлучил да ја сподели со својот соиграч Марсело.

Се вчитува...