Бизарно: Натпреварот меѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед цензуриран во Иран поради жена судија (ФОТО)

Дербито на 31. коло во Премиерлигата помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед заврши со победа од 3-1 на гостинскиот состав, а како што пренесуваат англиските медиуми, љубителите на фудбалот во Иран повеќе од сто пати морале да го проследат натпреварот со цензура.

Како причина за истото се наведува судијката Мејси-Елис, односно нејзината судиска облека со кратки шорцеви. Како што пишува ‘Му Stealth Freedom’, организацијата за борба на еднакви права во Иран, за целата ситуација по натпреварот се шалеле и самите коментатори.

„Телевизијата направи цензура поради жена-судија во шорцеви. Нивното решение беше да се скратат деловите од натпреварот со поглед кон улиците на Лондон. По натпреварот еден од коментаторите се шалеше дека верува дека гледачите уживале во географскиот поглед“, стои во објавата на организацијата.

Се вчитува...