Бизарно во Доха: Руски тенисер до полуфиналето без ниеден освоен поен

Рускиот тенисер, Андреј Рубљов се најде на несекојдневна ситуација на АТП турнирот во Доха на кој стигна до полуфиналето без одигран натпревар.

Рубљов кој е трет носител на турниот беше слободен во првото коло, во второто требаше да се сретне со Ришар Гаске, но Французинот го предаде мечот поради повреда на задната ложа. Русинот се најде во иста ситуација и во четвртфиналниот дуел кој поради повреда го предаде унгарскиот тенисер, Мартон Фучович.

Рускиот тенисер во полуфиналето ќе се сретне со подобриот од средбата помеѓу Австриецот Доминик Тим и шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут, меч кој е со почеток од 17 часот и 30 минути.

Се вчитува...