Бизнис-лига: Алкалоид броеше до 14

Два натпревари беа вечерва на програмата во Бизнис-лигата, едниот од нив заврши без победник…

Макпетрол и ЕВН ги поделија бодовите

Макпетрол 4-4(0-0) ЕВН

Макпетрол: Александар Мишоски 23′ 40′ Виктор Донески 34′ Мишо Ѓоргиевски 38′
ЕВН: Наумче Бадаловски 22′ Томи Илиевски 34′ Бојан Симоновски 23′ 27′

Првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Макпетрол и ЕВН помина во висок ритам на игра, многу шанси, но слаба реализација. Макпетрол беше екипата што во почетниот дел ја превзеде иницијативата, и се закануваше кон голот на ЕВН, но противникот на својот гол го имаше Мандаров кој ја сочува својата мрежа мирна. На полувремето се замина со резултат од 0-0. На стартот на второто полувреме ЕВН го подигна темпото на игра и во 22та минута успеа да реализира за водство од 0-1, кратко по ова водство на ЕВН, тимот на Макпетрол успеа да реализира брз контранапад и да го израмни резултатот на 1-1. До 34.минута ЕВН успеа да направи солидна предност од 1-3, но Макпетрол не и дозволи на екипата на ЕВН да слави, па во последните минути од натпреварот со брзи акции успеа да дојде до резултат од 4-4 со кој се заврши овој натпревар.

 

Алкалоид убедлив во дуелот со Искрател Груп

Искрател Груп 5-14(3-8) Алкалоид

Искрател Груп: Ратко Иванов 40′ Влатко Иванов 10′ 26′ Бојан Ивановски 13′ 14′ 
Алкалоид: Оливер Христовски 3′ 5′ 12′ 18′ 27′ 30′ Даниел Митич 8′ 35′ Дениз Салкович 2′ Кристијан Арсковски 19′ Бобан Митевски 28′ Боби Тасев 38′ Адо Реџепович 40′ Даниел Ристески 16′

Екипата на Алкалоид во дуелот со Искрател Груп влезе мошне мотивирано и со сериозен пристап, уште на самиот старт со цврста одбрана и брзи контра напади успеа да стигне до резултатска предност. Кон средината на првото полувреме екипата на Искрател Груп преку Ивановски и Иванов успеа да го намали водството и да стигне до негатива од два гола. Алкалоид набрзо ги консолидира своите редови и преку расположениот за игра Христовски на полувремето успеа да замине со предност од 3-8. Во второто полувреме се беше во знакот на екипата на Алкалоид, која ја имаше целосно контролата врз играта како во одбраната така и во нападот не давајќи и на екипата на Искрател Груп можност да се врати во натпреварот кој Алкалоид го доби со високи 5-14.

Се вчитува...