Бизнис-лига: Алкалоид ја најде победничката тактика за Окта

Нови три натпревари во рамките од Бизнис-лигата, најубедлива беше екипата на Макпетрол…

Некомплетниот Еуро Табак не можеше да му парира на Матрикс

Матрикс 6-1(3-0) Еуро Табак

Матрикс: Антонио Богдановски 20’ Мирко Богески 16’ 36’ Петре Даиловски 36’ 37’ Ивица Алампиоски 19’ 
Еуро Табак: Шенол Дурак 35’

Второто коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија Матрикс и Еуро Табак, првата фаза од полувремето помина со високо темпо на игра каде и двете екипи се предодредија за отворен фудбал. Кон средината на полувремето Матрикс започна со жесток притисок кон противничкиот гол што резултираше со погодок во 16. минута. Еуро Табак иако не настапи во полн состав со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот. До крајот на полувремето екипата на Матрикс успеа да постигне два погодоци за резултат 3-0 со кој и се замина на полувремето. Во второто полувреме тимот на Еуро Табак започна со поофанзивна игра и успеа да створи неколку зрели шанси за погодок но имаа слаба реализација која не им дозволи да го намалат водството од полувремето. Матрикс до крајот на овој натпревар ја имаше целосно контролата на играта и на резултатот, славејќи со убедливи 6-1.

Макпетрол со добра игра до победа над Пекабеско

Пекабеско 1-15(1-7) Макпетрол

Пекабеско: Александар Спасевски 10’
Макпетрол: Игор Стојковски 2’ 15’ 17’ 20’ 34’ 38’ 39’ Мишо Ѓорѓиевски 9’ 25’ Марко Костенцовски 7’ 11’ 34’ 36’ Ибраим Исмаили 22’ Виктор Доневски 23’

Интересно прво полувреме одиграа Пекабеско и Макпетрол, екипата на Макпетрол одлично го отвори овој натпревар со погодок постигнат во втората минута. Овој брз погодок ја сруши целата концепција на игра кај екипата на Пекабеско, по што следуваше канонада кон нивниот гол. Пекабеско не успеваше да најде против игра за денес разиграниот Макпетрол. На полувремето се замина со резултат од 7-1. Составот на Пекабеско се обиде со чести измени да фати резултатски приклучок, но вечерва голгетерски расположениот Макпетрол не дозволи никакво изненадување па мирно го приврши овој меч кој заврши со високи 1-15.

Алкалоид со голман играч до победа над Окта

Алкалоид 5-2(2-2) Окта

Алкалоид: Стефан Димовски 8’ 34’ 34’ Бобан Митевски 15’ Оливер Христовски 36’
Окта: Драганче Стојановски 2’Славчо Стојковски 18’

Натпреварот помеѓу Алкалоид и Окта одлично започна за екипата на Окта која во 2. минута со својот голман играч Драганче Стојановски успеа да постигне еврогол за водство од 1-0. Овој рано постигнат погодок им даде дополнителен мотив на играчите на Окта кои буквално се растрчаа на целиот терен и во 7. минута успеаа да го зголемат водството на 2-0. Кон средината на полувремето се разбуди екипата на Алкалоид, која започна со агресивна игра и пресинг во предно поле што им донесе израмнување на 2-2 во 15та минута. До крајот на полувремето резултатот остана непроменет. Во второто полувреме се играше со висок ритам и на двете страни шанси, за одбележување на ова полувреме се голманските интервенции кои ги сочуваа своите мрежи мирни се до 30. минута со што натпреварот влезе во неизвесна завршница. Екипата на Алкалоид последните минути ги одигра со голман играч што вроди со плод во 34. минута со две последователни гола и дојде до целосен пресврт благодарение на која го доби овој натпревар со конечни 5-2.

Се вчитува...