Бизнис-лига: Алкалоид со пресврт до победа

Три квалитетни натпревари беа денеска на програмата, најнеизвесно беше на дуелот меѓу ЈСП и Лукоил…

Во драматична завршница Лукоил до победа над ЈСП

Лукоил 6-5(3-3) ЈСП

Лукоил: Маријан Цветковски 12′ Игор Дамјановски 9′ Дејан Зиков 6′ 22′ Мартин Алаѓозовски 38′ Лоренцо Николовски 40′
ЈСП: Дејан Блажевски 36′ Љупчо Павловиќ 10′ 13′ Даниел Антовски 19′ 37′

Динамично прво полувреме одиграа Лукоил и ЈСП, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра со голема борба во рамките на фер-плејот. Прв до водство дојде составот на Лукоил со одличниот погодок на Зиков во 6. минута, а три минути подоцна резултатот веќе беше 2-0. ЈСП не се откажуваше лесно и со голема борба одговараше на секој гол на екипата на Лукоил, па на паузата се замина со резултат од 3-3. На стартот од второто полувреме Лукоил постигна погодок за ново водство, по овој гол екипата на ЈСП се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Лукоил. Тимот на Лукоил одолеваше на притисокот до 36. минута која ЈСП постигна погодок за изармнување, а веќе во следната минута и погодок за водство. Последните  три минути беа вистинска драма во која екипата на Лукоил успеа да постигне два погодоци и повторно да ја врати резултатската предност за победа од 6-5.

Сава Осигурување лесно до триумф над Мепсо

Мепсо 0-5(0-4) Сава Осигурување

Сава Осигурување: Андреј Китановски 4′ 8′ 38′ Ивица Минов 6′ Мирче Маринковиќ 19′

Првиот дел од полувремето во натпреварот помеѓу Мепсо и Сава Осигурување во целост и припадна на екипата на Сава Осигурување, која уште на самиот старт започна со силен притисок кон противничкиот гол и во 8. минута имаа солидно водство од 0-3. Мепсо со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок и да дојде до намалување на предноста на Сава. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување ги затвори сите приоди до својот гол и не и дозволи на екипата на Мепсо да постигне погодок. На одмор се замина со резултат од 0-4. На стартот на второто полувреме екипата на Мепсо се префрли на противничката половина вршејќи постојан пристисок кон голот на Сава Осигурување, тие креираа неколку одлични шанси за погодок но имаа слаба реализација. До крајот на натпреварот Сава Осигурување целосно ја контролираше играта и резултатот, па на крајот заслужено извојува висока победа од 0-5.

Алкалоид со целосен пресврт до победа над Фабрика Карпош – ГИМ

Фабрика Карпош – ГИМ 2-4(1-1) Алкалоид

Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 2′ Кристијан панев 22′
Алкалоид: Стефан Димовски 3′ Денис Салковиќ 29’34’ 39′

Израмнето прво полувреме одигра екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Алкалоид, видовме рано постигнат гол во 2. минута за водство на екипата на Фабрика Карпош, но веќе следната минута имаше одговор од другата страна за израмнување. По оваа почетна еуфорија темпото на игра спласна, играчите повеќе се фокусираа на одбраната и со повремени удари од далечина се обидуваа да го изненадат противникот. На полувремето сепак се замина со резултатот од 3. минута, 1-1. На стартот од вториот дел Фабрика Карпош успеа да ја искористи предноста со играч плус на теренот и да поведе со 2-1. По оваа негатива екипата на Алкалоид направи неколку промени во играчкиот кадар што резултираше со целосен пресврт во 34та минута благодарение на расположениот Салковиќ кој ја осигура победата на Алкалоид со три постигнати гола.

Се вчитува...