Бизнис лига: Без победник меѓу Бетон и Раде Кончар

Бетон: Стефан Трендафиловски 6’ Владан Глишич 10’ 36’Раде Кончар: Сашо Трпчевски 1’ 34’ Маријан Баждаров 4’

beton2

Уште во раната фаза од натпреварот екипата на Раде Кончар го отвори резултатот преку Трпчевски во дуелот со Бетон, а само неколку минути потоа и го зголеми на 2-0. Екипата на Бетон по овој шок на почетокот на натпреварот, на средината на полувремето успеа да ги консолидира своите редови, со поцврста одбрана и брзи контри успеа да дојде до израмнување од 2-2 со кој резултат се замина на полувремето. Во второто полувреме видовме израмнет натпревар и двете екипи се фокусираа на одбраната. Видовме само по еден гол и на двете страни, во ваквиот неизвесен натпревар и двете екипи не можеа резултатски да се одлепат за во самиот финиш да одиграат реми.

Гранит ги однесе бодовите во дуелот со Пекабеско

Гранит 7-4(3-2) Пекабеско

Гранит: Стефан Тевдовски 1’ 23’ 39’ Пепи Мицев 8’ 37’ Сашо Каровски 24’ Ернанд Рамдедовиќ 18’Пекабеско: Мартин Здравевски 10’ 19’ Слободан Игнатов 30’ Дејан Неделковски 38’

granit3

Гранит и Пекабеско уште во првата минута од натпреварот екипата на Гранит со погодок ни најави доста интересен натпревар. Веднаш по ова брзо водство екипата на Пекабеско започна со напаѓачки фудбал, на таквата игра возврати и екипата на Гранит. Од минута во минута се редеа шанси и на двете страни, и видовме 5 прекрасни гола за резултат од 3-2 на полувремето. Во вторто полувреме иста слика и двете екипи продолжија со напаѓачки стил. Во таквата бркотница низ теренот екипата на Пекабеско со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување на резултатот со промена на тактиката и внесување на голман играч. Екипата на Гранит беше поумешна не дозволи пресврт и го доби овој натпревар со резултат од 7-4

Се вчитува...