Бизнис-лига: ЕЛЕМ славеше во гол-шоуто со Бетон

Две нови средби и нови возбудувања во рамките од Бизнис-лигата…

ЕЛЕМ со пресврт до победа над Бетон

Бетон 6-7(3-2) ЕЛЕМ

Бетон: Цветко Голабоски 1’ 2’ 39’ Никола Тодоровски 10’ Иван Николовски 21’ 27’ЕЛЕМ: Диме Милевски 2’ 29’ Антонио Ничевски 11’ 25’ Синиша Ковачевиќ 22’ 40’ Златко Станкоски 32’

beton elem1

Првата фаза од полувремето помеѓу екипите на Бетон и ЕЛЕМ помина во висок ритам на игра, со многу шанси и одлична ефикасност. Екипата на Бетон уште на самиот старт успеа да реализира две од своите шанси и веќе во 2та минута да има предност од 2-0. Екипата на ЕЛЕМ како одговор на шокот кој го добија во првите минути во својата постава внесе голман играч и го врати балансот во играта, што резулитираше со брз одговор и намалување на предноста од Бетон на 2-1. Во остатокот од полувремето екипите играа изедначено и постигнаа по еден гол и на двете страни, на полувремето се замина со резултат од 3-2. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ уште на самиот старт од полувремето наметна свое темнпо на игра и успеа да го изедначи резултатот. Сепак екипата на Бетон не се предаваше лесно па имаа одговор на секој гол на ЕЛЕМ. До крајот на натпреварот се играше изедначен фудбал но пресудно беше искуството на ЕЛЕМ кој го доби овој натпревар со 6-7.

Џонсон Мети го задржа водството и го доби дуелот со Еуро Табак

Џонсон Мети 4-3(3-2) Еуро Табак

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 1’ 28’ Бојан Дејановски 10’ Благоја Божиновски 18’Еуро Табак: Дејан Младеновски 17’ 37’ Коста Гичев 14’

dzonsn meti eurotabak

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Еуро Табак. Првото полувреме ни донесе атрактивен фудбал со многу воиграни акции и одлични голови. Уште во првата минута екипата на Џонсон Мети го отвори резултатот и најави ефикасно полувреме. Екипата на Еуро Табак по овој брзо примен погодок успеа да ги консолидира своите редови и резултатски да се врати во мечот. На полувремето се замина со резултат од 3-2 во корист на екипата на Џонсон Мети. Во второто полувреме се продолжи исто во висок ритам, екипата на Еуро Табак беше таа прва што ја превзема иницијативата и тргна во офанзива со цел да го израмни резултатот. Екипата на Џонсон Мети имаше добро поставена одбрана и успеа да го одбие притисокот на Еуро Табак и преку контра напади успеаа да го зголемат водството на 4-2. Еикапа на Еуро Табак не се предаваше до последниот судиски свиреж, се обиде со внесување во игра голман играч да се врати во натпреварот. Екипата на Џонсон Мети сепак успеа да го задржи водството до крајот и да го добие овој натпревар со 4-3.

Се вчитува...