Бизнис-лига: Еуро Табак пресилен за Окта

Нови возбудувања во рамките од Бизнис-лигата, вечерва беа одиграни три натпревари…

Еуро Табак со пресврт до победа над Окта

Еуро Табак 7-2(1-1) Окта

Еуро Табак: Дејан Младеновски 18’ 31’ 33’ Дејан Филиповски 21’ 33’ Дејан Јанковски 36’ Никола зафировски 39’
Окта: Александар Јовчевски 1’ Живко Котевски 40’

Натпреварот помеѓу  Еуро Табак и Окта одлично го отвори екипата на Окта со голот на Јовчевски уште во првата минута. По ова рано водство на противникот, екипата на Еуро Табак се префрли на противничко поле и со постојан притисок со игра голман играч се обидуваше да дојде до израмнување на резултатот. Екипата на Окта успеваше да одолее на овој притисок се до 18. минута, кога попушти концентрацијата во одбраната и екипата на Еуро Табак успеа да израмни на 1-1, резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме Еуро Табак успеа да постигне погодок и да направи целосен пресврт. По овој пресврт падна целата концепција на екипата на Окта, по што следуваше вистинска канонада кон нивниот гол, па Еуро Табак успеа да извојува висока победа од 7-2.

Рамстор со одлично второ полувреме до триумф

Вип 3-7(2-1) Рамстор

Вип: Иле Никодиновски 16’ Ненад Богдановиќ 18’ Сашо Србаков 40’ 
Рамстор: Михрем Мемед 5’ 30’ Енис Мурселов 21’ Фуркан Муртезан 22’ ’Азрет Абаз 29’ Аријан Цами 32’ Хујрет Шабани 34’

Првата фаза од полувремето и припадна на екипата на Рамстор, која со одличен погодок преку Мемед во 5. минута успеа да го отвори резултатот. По ова екипата на Вип направи неколу промени во тимот, ги консолидираше своите редови и тргна со целосна офанзива по израмнување. Како одминуваше полувремето притисокот на екипата на Вип беше се поголем и во 16. минута успеаа да дојдат до израмнување, две минути подоцна и до целосен резултатски пресврт. Полувреме 2-1 На стартот на првото полувреме Рамстор успеа да постигне погодок за израмнување, минута подоцна и погодок за целосен резултатски пресврт. Овој пресврт даде дополнителен мотив кај двете екипи, се подигна темпото на игра и се водеше жестока борба по целиот терен. Во ваквата жестока борба поснаодлива беше екипата на Рамстор која го доби натпреварот со високи 3-7.

Матрикс доминираше во дуелот со Фабрика Карпош

Матрикс 11-4(5-4) Фабрика Карпош – ГИМ

Матрикс: Никола Христовски 13’ 23’ Антонио Богдановски 17’ 30’ Мирко Богески 39’ 40’ Петре Даилов 7’ 38’ Ивица Алампиоски 2’ 32’ Бојан Марковски 18’ 
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 34’ 37’ Ѓеорги Божиков 16’ 32’

Интересен натпревар одиграа екипите на Матрикс и Фабрика Карпош – ГИМ, уште на самиот старт Матрикс се префрли на противничкото поле и ја превзема иницијативата што резултираше со рано водство. Екипата на фабрика Карпош во овој натпревар влезе многу ослабена без своите главни играчи и немаше доволно сили да се спротистави на денеска расположениот за игра Матрикс. Тимот на Матрикс имаше целосна контрола врз играта и резултатот и овој натпревар го доби со убедливи 11-4.

Се вчитува...