Бизнис-лига: ЕВН броеше до десет

Нови три дуели во рамките од Бизнис-лигата, против најубедлива беше екипата на ЕВН…

ЕВН до доминантен триумф над Искрател Груп

ЕВН 10-3(5-1) Искрател Груп

ЕВН: Бојан Маџоски 26’29’ Томи Илиевски 17′ Бојан Симоновски 16’17’ Бојан Тодоровски 20′ Виктор Валканчев 22’23’36’ Димитар Димовски 10′
Искрател Груп: 11′ 35′ Петар Митровски 38′

Првото полувреме од натпреварот помеѓу ЕВН и Искрател Груп му припадна на екипата на ЕВН. Екипата на Искрател Груп со чести замени до средината од полувремето држеше резултатски баланс. Во недостаток на играчи во ротација и пад на концентрацијата екипата на ЕВН притисна во предно поле и успеа да дојде до високи 5-1 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Искрател Груп се обидуваше со сите сили да се врати резултатски во игра но екипата на ЕВН имаше целосна контрола врз играта за на крајот да слави со убедливи 10-3.

Трајковски со гол во полседната минута за победа на Систина

Маркарт 3-4(2-1) Аџибадем Систина

Маркарт: Пеце Стојановски 12′ 19′ Мартин Стојанов 38′
Аџибадем Систина: Горан Манов 9′ 25′ Далибор Дамјановиќ 24′ Никола Трајковски 40′

Интересно прво полувреме одиграа Маркарт и Систина, уште на самиот старт екипата на Маркарт ја превзема иницијативата и тргна жестоко кон голот на Систина. Искусниот состав на Систина знаеше да ја казни таквата офанзивна игра на Маркарт и во 9. минута успеа да реализира контра напад за водство од 0-1. Во 12. минута по еден кикс на одбраната на Систина беше досуден пенал во корист на Маркарт кој го реализираа за израмнување на резултатот на 1-1. До крајот на полувремето двата тима беа претпазливи во одбраната, сепак екипата на Маркарт во 19та минута реализира за водство од 2-1 на полувремето. На стартот на второто полувреме Систина успеа да постигне погодок за израмнување, овој погодок им даде дополнителен мотив за веќе во наредната минута да успеат да направат целосен резултатски пресврт. Маркарт направи неколку промени во тимот и со сите сили тргна кон нападот, во 38та минута успеаа да постигнат гол за израмнување И кога се чинеше дека двете екипи ќе ги поделат бодовите, тимот на Систина преку Трајковски во последните секунди од натпреварот успеаа да реализираат и да ги однесат бодовите со резултат од 4-3.

Уника со предноста од првото полувреме обезбеди победа

Уни Банка 3-4(2-4) Уника

Уни Банка: Владислав Хаџидинев 16′ Марко Ташков 17′ Александар Кузинаков 31′ 
Уника: Бенјамин Граинца 3′ 16′ 18′ Бесими Хухиу 20′

Во првата фаза од натпреварот екипата на Уника која имаше повеќе од играта успеа во 8. минута да го отвори резултатот на 1-0. Кон средината на полувремето екипата на Уника искористи грешка во одбраната на Уни Банка и го зголеми водството на 2-0. Сепак, тимот на Уни Банка не се предаваше и во 16. минута со одличен погодок на Хаџидинев успеа резултатски да се врати во игра, минута подоцна преку Ташков за 2-2. Составот на Уника преку расположениот Граинца а потоа Нухиу во последната минута успеа да го врати водството за 4 -2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Уни Банка фрли се на една карта и со сите сили тргна во нападот успеаа да постигнат погодок резултатски да се вратат во игра и да го направат остатокот од натпреварот неизвесен. Сепак, Уника искусно успеа да го приведе мечот до крај иако последните две минути играа со играч помалку. Натпреварот заврши со резултат од 3-4.

Се вчитува...