Бизнис-лига: Гол-шоу на дуелот Алкалоид – Гранит

Нови три натпревари полни со возбудувања во рамките од Бизнис-лигата…

Алкалоид подобар во голеадата со Гранит

Алкалоид 14-10(8-4) Гранит

Алкалоид: Оливер Христовски 3′ 5′ 21′ 24′ Стефан Димовски 17′ Сунај Казми 32′ Даниел Митич 20′ 34′ Дениз Салковиќ 11′ 15′ 31′ Николче Дамјановски 10′ Кристијан Арсовски 25′ Бобан Митевски 18′
Гранит: Стефан Тевдовски 7′ 14′ 33′ 37′ Дарко Петров 31′ 34′ Дарко Стојановски 23′ 40′ Пепи Мицев 16′ 19′

Возбудливо прво полувреме во висок ритам на игра одиграа Алкалоид и Гранит, екипата на Алкалоид уште на стартот се префрли на противничкото поле и вршеше силен притисок кој и донесе рано водство од 2-0 во 5. минута. Составот на Гранит по ова водство направи неколку промени и успеа да постигне погодок и фати резултатски приклучок. Сепак, Алкалоид со одлична игра до крајот на полувремето успеваше да ја казни екипата на Гранит за на полувремето да замине со предност од високи 8-4. Во второто полувреме тимот на Гранит направи промена на тактиката и со голман играч во фаза на напад се обидуваше да го намали водството на Алкалоид од полувремето, во таквата отворена игра заборави на својата одбрана, а екипата на Алкалоид вешто ги искористи тие пропусти и на крајот славеше со 14-10.

ЈСП не дозволи изненадување во дуелот со Искрател Груп

ЈСП 8-3(3-2) Искрател Груп

ЈСП: Дејан Блажевски 2′ Маријан Србиновски 28′ Даниел Антовски 4′ 6′ 21′ 32′ Сашо Георгиев 37′ 39′
Искрател Груп: Роберто Гавриловски 16′ 40′ Љупчо Јанакиевски 19′

Првото полувреме од дуелот помеѓу ЈСП и Искрател Груп и припадна на екипата на ЈСП, тие уште на самиот старт ја превземаа иницијативата и вршеа притисок кон голот на Искрател Груп. Уште во раната фаза од натпреварот ЈСП се стекна со солидно водство од 3-0, екипата на Искрател Груп и покрај негативата не се откажуваше од овој натпревар па во финишот од полувремето успеа да постигне два погодоци и резултатски да се врати во натпреварот. На полувремето се замина со резултат од 3-2. На стартот од второто полувреме тимот на ЈСП започна со силен пресинг што резултираше со погодок и зголемување на водството. Искрател Груп се обидуваше со чести ротации на играчите да го намали водството и да се врати повторно во игра, но  ЈСП имаше целосна контрола врз играта и резултатот и успешно го приврши овој натпревар во своја корист со 8-3.

 

Во електричното дерби ЕВН поуспешни од МЕПСО

ЕВН 7-2(2-1) МЕПСО

ЕВН: Вилијам Митев 22′ Виктор Валканчев 17′ 24′ 38′ 39′ Наумче Балдаковски 5′ 30′
МЕПСО: Александар Јакимовски 8′ 32′

Интересно прво полувреме одиграа ЕВН и МЕПСО, уште на самиот старт двете екипи започнаа со офанзивна игра што резултираше со два погодоци во раната фаза. Прва до водство дојде екипата на ЕВН во 8та минута преку Бадаловски, неколку минути подоцна МЕПСО одговори преку Јакимовски за 1-1. До крајот на полувремето ЕВН успеа реализира за водство од 2-1 со кои се замина на полувремето. Во второто полувреме МЕПСО со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на ЕВН одлично ја постави својата игра и преку контранапади од минута во минута го зголемуваше своето водство за конечна победа од високи 7-2.

Се вчитува...