Бизнис-лига: Гранит без милост за Сава

Само еден натпревар беше денеска на програмата во Бизнис-лигата, во која Гранит лесно и убедливо славеше над тимот на Сава Осигурување. Екипата на Гранит уште на самиот старт пристапи во офанзивна игра со максимална мотивација и сконцентрираност во дуелот со Сава Осигурување. Ваквата игра на Гранит му овозможи контра напади преку кои успеваше да дојде до изгледни шанси за гол и да ги реализира па на полувремето отиде со предност од 0-3. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување ги консолидира своите редови и успеа резултатски да се приближи пред се со добро реализиран напад. Гранит го искористи играчот плус кој го имаше по исклучувањето кај Сава Осигурување и целосно го сврте натпреварот во своја полза и го доби со резултат од 3-7.

Сава Осигурување 3-7(0-3) Гранит

Сава Осигурување: Коста Глигуровски 25’ Зоран Василевски 29’ Данило Апостолоски 31’

Гранит: Стеван Митревски 3’ 35’ Стефан Тевдовски 8’ 17’ 22’ 37’ Денис Ташевски 39’

Се вчитува...