Екипите на Гранит, ЕЛЕМ и на Матрикс се радуваа на победи на денешните натпревари во Бизнис-лигата:
Во неизвесна завршница Гранит ја совлада Уни Банка
Гранит 4-3(1-1) Уни Банка
Гранит: Дарко Стојановски 19’ 23’ Пепи Мицев 23’ Стефан Тевдовски 35’
Уни Банка: Васил Митровски 5’ 39’ Иванчо Антовски 25’
Матрикс ги однесе бодовите против Макпетрол
Макпетрол 1-2(0-0) Матрикс
Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 24’
Матрикс: Петре Даиловски 25’ Мирко Богески 27’
Жесток натпревар со монгу жар и борба во рамките на фер плеј одиграа екипите на Макпетрол и Матрикс. Шанси се редеа на двете страни со чести измени и промена на тактиката екипите се обидуваа да дојдат до водство. Белег на првиот дел оставија голманите на двете екипи кои со своите одбрани успеаа да ги сочуваат своите мрежи. Резултатот на полувремето изнесуваше 0-0. Во второто полувреме иста слика борба за секоја топка по целиот терен во таа бркотница екипата на Макпетрол го отвори резултатот 1-0. На тоа водство жестоко одговори екипата на Матрикс која изврши силен притисок кон голот на Макпетрол и успеа со два прекрасни гола да го превземе водството. Екипата на Макпетрол направи промена на тактиката внесе во игра голман играч и вршеше притисок кон противничкиот гол но сепак екипата на Матрикс успеа да го издржи притисокот и да го добие овој натпревар со 1-2.
Во дожд од голови ЕЛЕМ го совлада Рамстор
ЕЛЕМ 12-4(5-1) Рамстор
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 7’ 25’ 25’ 29’ 29’ 39’ Синиша Ковачевиќ 12’ 18’ Златко Станковски 12’ 31’ Антонио Ничевски 17’ Ристо Стефковски 21’
Рамстор: Фурхан Муртезан 17’ Авни Воша 24’ Михрем Мемед 26’ Ведат Арслан 27’
Интересен натпревар со многу атрактивни потези и отворен фудбал од двете страни, шанси за гол се редеа уште од самиот почеток на полувремето. Во таквата отворена игра екипата на ЕЛЕМ успеа да го отвори резултатот со прекрасен погодок на Петровски во седмата минута тоа рано водство како да и даде мотив на екипата на ЕЛЕМ која тргна агресивно кон голот на Рамстор што резултираше со зголемување на водството. Екипата на Рамстор направи промена во тактиката со внесување голман играч и успеа да го намали високотоводство на ЕЛЕМ. На полувремето се отиде со резултат од 5-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ продолжи во ист ритам кој екипата на Рамстор не можеше да го прати, вака расположениот за игра ЕЛЕМ беше енигма за екипата на Рамстор која го загуби овој натпревар со високи 12-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА